Најзначајните дела на Фројд за љубовта и сексуалноста. Оваа книга нуди вистински пристап кон механизмот на љубовта и ги спојува главните придонеси на Фројд во психологијата на љубовта. Неговите дискусии дека не постои сексуалност без фантазија, свесно или несвесно, ни ги менуваат социјалните, културните и интелектуалните ставови кон сексуалниот живот. Психологија на љубовта е четиво кое е од суштинско значење, а ги содржи познатиот случај на Дора, Трите расправи за сексуална теорија, „Дете е тепано“ , За универзалната тенденција за деградација во сферата на љубовта, Табу за девственоста итн.