ПРАВОТО НА ПОЕДИНЦИТЕ МАСОНИ

Дискусија за правото кое ги раководи масоните во нивните групи, како составни делови на Големата и на подредените ложи во нивната индивидуална улога, дали во започнувањето на нивниот масонски живот, како кандидати за воведување, или, пак, во нивниот постепен напредок низ секој од трите степени, бидејќи секој  масон, како што ги презема новите и дополнителни обврски и добива поголемо разбирање, така тој стапува на нови задачи и му се даваат нови права и привилегии.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ПРЕСВРТИ ВО ДУХОВНИОТ ЖИВОТ

Според Штајнер, земјата е казан на космичка еволуција и земјината еволуција се остварува преку човештвото. Постојат пет пресвртни точки, или критични, преобразни моменти, а на секоја од овие точки ѝ соодветствува по една личност: Заратустра, Хермес, Мојсеј, Илија и Буда. Во нив, Штајнер дава прекрасни гледишта за езотеричната историја и ги покажува извонредните начини според кои е водена спиритуалната еволуција во подготовката за Исусовото појавување на земјата.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ПСИХОЛОГИЈА И ПОЛИТИКА

В. Х. Р. РИВЕРС рекол: „Не можам да верувам дека политичките проблеми се разликуваат од оние во секој друг аспект на општествениот живот по тоа дека не можат да се решат со научни методи.“ Ваквото верување го поттикнало да одржи предавања за психолошката теорија на универзитетите, во бројни училишта и здруженија во Велика Британија и во Америка, а кои се отпечатени во оваа книга – сигурно највпечатлив облик на обраќање до парламентарните избирачи во историјата на политиката!

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ПСИХОЛОГИЈА НА ЉУБОВТА

Најзначајните дела на Фројд за љубовта и сексуалноста. Оваа книга нуди вистински пристап кон механизмот на љубовта и ги спојува главните придонеси на Фројд во психологијата на љубовта. Неговите дискусии дека не постои сексуалност без фантазија, свесно или несвесно, ни ги менуваат социјалните, културните и интелектуалните ставови кон сексуалниот живот.  Психологија на љубовта е четиво кое е од суштинско значење, а ги содржи познатиот случај на Дора, Трите расправи за сексуална теорија, „Дете е тепано“ , За универзалната тенденција за деградација во сферата на љубовта, Табу за девственоста итн.

 

 

500 ден
Брз преглед
Купете сега

САДАНА ИСПОЛНЕТ ЖИВОТ

Драг читателу, Садана е неверојатна збирка на духовни разговори кои ги водел Рабиндранат Тагоре со децата во неговото училиште во Болпур, Западен Бенгал. Со собраните мудрости од Истокот, Садана е една од најмудрите книги кои некогаш ќе ги прочиташ! Топло ја препорачуваме на сите кои се во потрага по духовна мудрост.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

СИЦИЛИЈАНСКА РОМАНСА

Стари замоци, тајни премини, хероини кои често губат свест, злобни премолчувања и секако, тајни работи кои се случуваат во текот на ноќта. Во „Сицилијанска романса“ на Ен Редклиф можете да ги најдете сите овие работи. Ако сѐ уште не сте почнале да ја читате Ен Редклиф, топло препорачуваме да почнете токму со оваа книга.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

СЛУЧАЈНИ СЕЌАВАЊА НА ЛУЃЕ И НАСТАНИ

„Би ми било уживање и задоволство со гордост да се сеќавам на приказните од секојдневното и блиско долгогодишно пријателство со моите партнери и соработници. Oвие искуства за мене секогаш ќе бидат едни од најголемите животни задоволства, па затоа ги споменувам имињата на бројните партнери кои имаа огромен удел во градењето на нашите заеднички бизнис интереси. Во одредена мера бев поврзан со најинтересните луѓе од нашата земја, особено во бизнисот – луѓе кoи на големо помогнаа да се изгради трговијата на САД и чии производи се популарни ширум светот.“

500 ден
Брз преглед
Купете сега

СЛУЧАЈОТ ВАГНЕР

Во „Случајот Вагнер“, Ниче целосно се посветува на критика на Ричард Вагнер. Тој го претставува Вагнер како болест која го црпи животот од германската музика и која води кон културно опаѓање во современото општество. Оваа книга го покажува Ниче како добар музички критичар и му го отвора патот за понатамошните размислувања за природата на уметноста и за врската со здравјето на човештвото.

500 ден
Брз преглед
Не е на залиха

УБАВАТА КАСАНДРА

„Таа има многу ретки и убави карактеристики, но трезвеноста не е една од нив“.

Избор од раните мрачни и смешни дела на Џејн Остин во кои изобилуваат со убиства, пијанства, кривоклетство, крадење, труење, жени кои бегаат од затвор, мажи кои пишуваат тестаменти и бебиња кои ги одгризуваат прстите на мајките…

„Убавата Касандра“ е мало ремек-дело кое променило илјадници животи.„

500 ден
Брз преглед
Купете сега

УБЕДУВАЊЕ

Дваесет и седумгодишната Ен Елиот е најстарата хероина на брилијантната Остин. Осум години пред да започне приказната, таа е верена за еден офицер, Фредерик Вентворт, но ја раскинува свршувачката, бидејќи нејзината пријателка ја убедува дека тие двајца не се еден за друг. По раскинувањето, Ен се кае. Подоцна, кога Вентворт ќе се врати како богат и успешен капетан, дознава дека семејството на Ен е во финансиска криза. Целата напнатост во книгата се врти околу едно прашање: дали Ен и Вентворт ќе ја обноват нивната љубов?

500 ден
Брз преглед
Купете сега

УМЕТНОСТА НА ЖИВЕЕЊЕТО

На секои илјадници луѓе кои живеат на оваа земја не повеќе од еден е жив. Да се биде навистина жив, значи многу повеќе од тоа да сте подвижни, да дишете, јадете, пиете и да сте човечки суштества кои говорат. Оној кој е навистина жив, спознава дека деновите се премногу кратки за сите прекрасни истражувања што животот му ги нуди во трите светови на повратникот и инспирираниот авантурист. Животот е за него непрекината авантура, отворена глетка со можности за задоволство и достигнувања на секој чекор. Тој и самиот е предмет на интересно истражување. Меѓутоа, колку и да може да биде незадоволен од резултатите на таа студија, затоа што гледа дека е еден мал дел од вечноста, тој знае дека во него лежи сета моќ и можности кои се прикриени во Универзумот.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ФАНТАЗИЈА

Безвременска приказна на единствената Серао. Моќна приказна за едно цврсто пријателство над кое се надвиснуваат темните облаци на страста и агонијата на љубовниот триаголник. Дали судбина на несреќните е обично да доживеат весел почеток, но премногу тажен крај?

Малкумина се оние кои среќата ги испраќа до прагот. Колку е учтива кон оние што доаѓаат, толку е невнимателна кон оние што заминуваат…

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ФАНТАСТИЧНА НОЌ

Само едно доживување станува одлучувачки момент во животот на еден човек. Што е доволно за среќа? Динамиката на доживувањата во „Фантастична ноќ“ нѐ предизвикуваат и нѐ тераат да помислиме: дали ја прифаќаме улогата на животот или го прифаќаме само калапот за живот таков каков што е извајан од општеството? А за наклоноста кон страста и нескротливата природа ќе прочитате во „Амок“ извонредна приказна за еден тропски лекар, обземен од страста и за неговата горда пациентка.

500 ден
Брз преглед
Купете сега

ЧУДА И ИДОЛОПОКЛОНСТВО

Кратките и радикални есеи на Волтер за филозофските идеи од ангели до идолопоклонство, од чуда до злоба, даваат иронични забелешки за човечките верувања и ги исмеваат лицемерието и екстремната побожност.

Тој им се обраќа на пријателите и им вели да делуваат со разум и да ги препознаат лагите со кои ги хранат нивните владетели. Задолжително четиво за инспирација за сите мислители насекаде!

500 ден
Брз преглед
Купете сега