ВОВЕД ВО ПСИХОАНАЛИЗА
Дел од предавањата за вовед во психоанализа кои Фројд ги одржал на различни факултети на Универзитетот во Виена. Никогаш не објавил учебник, па затоа овие предавања се смета дека се најблиску до тоа. Во нив ќе дознаете сѐ за исполнувањето на желбите, несигурностите и критиките, либидото и нарцизмот и за детските соништа.
Ќе се уверите зошто оваа книга го носи епитетот најчитано дело на брилијантниот Фројд.
ВОЛШЕБНИОТ АПРИЛ
Во лондонскиот Тајмс се појавува оглас дека еден мал италијански средновековен замок е слободен за изнајмување во април. Четири жени, со различни карактери, се јавуваат на огласот, за да избегаат од тмурниот Лондон и да уживаат на италијанското сонце. Дозволете си убавината на Италија да ве маѓепса читајќи го овој интересен и волшебен роман.
ЕРАТА НА ГОЛЕМИОТ ПОДЕМ
САД на крајот на Граѓанската војна ќе ја открие состојбата на општеството кое сосем малку наликува на ова денешното. Тогаш била земја без трансконтинентални пруги, без телефони, автомобили, облакодери, хотели во вредност од милион долари, тролејбуси, или илјада други изуми кои денес ги обезбедуваат удобноста и комфорот на она што го нарекуваме американска цивилизација. Преку разговор со бизнисмените од тој период можеме да ја дознаеме неверојатната индустриската приказна на САД за една голема економска трансформација каква што светот дотогаш не видел.
ЗА ЗАГОВОРИТЕ
Бидејќи заговорите се со толку опасни последици, како за владетелите така и за обичните луѓе, Макијавели чувствува потреба да проговори за нивната природа, зашто многу повеќе владетели ги загубиле животите и своите држави на овој начин отколку во отворена војна, од причини што бројот на оние на кои им е дадена
можноста да започнат отворена војна против некој владетел е многу мал, додека заговор против него може да организира буквално кој било…
ЗАДОВОЛСТВОТО
Андреа Сперели живее убав живот, во потрага e по убавина и не ги почитува правилата на моралот и на општеството. Во аристократските кругови во Рим, тој е познат како голем заводник. Но има две жени кои влијаат на неговиот углед: убавата и млада вдовица, Елена, и нежната и чесна Марија. Андреа, во потрага по возбуда, си игра со двете жени, ги врти една против друга и ткае садистичка мрежа од сладострасност и измама. Љубовта и распалените страсти ќе ви го задржат вниманието до последната страница.
ЗАПИСИ ОД ЗЕН МАЈСТОРИТЕ
Единствени приказни за безвременска мудрост од зен мајсторите. Богати приказни со мечови, тигри, чај, цвеќиња и кучиња, записите од зен мајсторите ја предизвикуваат сечија фантазија и го носат секој читател поблиску до просветлување.
ЗБОРОВИ ШТО ГО МЕНУВААТ СВЕТОТ
Претседателот Путин е со најбрз подем на листата од три илјади светски лидери, изгласан како еден од шестемина светски политичари кои луѓето најмногу ги сакаат, а американскиот претседател Џорџ Буш во една прилика за него искрено ќе рече: „Не секогаш ми се допаѓа тоа што го кажува, но тој отворено кажува што мисли и кога нè критикува и затоа му верувам. Кога првпат на средбата во Словенија во 2003 година му погледнав в очи му ја видов душата и сфатив дека тоа е човек на кој може да му се верува.“
Но главното прашање е: Кој е човекот што американскиот хегемонизам го сведе на мултиполарен со повеќе играчи во светот?
Одговорот на ова прашање за најголемиот број луѓе од светот на политиката е: Владимир Путин!
Книгава ги содржи најзначајните делови од повеќе негови обраќања на официјални средби и на прес-конференции што тој ги одржува пред огромен број новинари од целиот свет. Тие средби на новинарите со Путин станаа толку популарни и нив директно ги пренесуваат најголемите светски ТВ станици, а ги следат стотици милиони гледачи.
На околу 450 страници, во книгава се издвоени цитати од тие настапи со кои рускиот претседател Путин застана во редот на најцитираните поранешни и актуелни светски политичари.
ИТАН ФРОМ
Итан Фром работи на својата непродуктивна фарма и се бори да обезбеди основни средства за живот за него и за Зина, неговата сопруга која е со тежок карактер, сомничава и која претерано се грижи за своето здравје. Но кога на фармата ќе дојде веселата братучетка на Зина за да работи како помошничка, Итан станува опседнат со неа и со можностите кои му се отвараат за среќен живот со неа.
КАБАЛА – ХАРМОНИЈА НА СПРОТИВНОСТИТЕ
При секој обид да се популаризира една толку суштински мистична творба како кабалата, она на што мора да се обрне внимание е дека „кабала“ е збор со далеку пошироко значење од она што вообичаено се очекува. Тој е еквивалент на терминот „херметички“ кога истиот се користи надвор од вообичаената историска конотација. Голем број научници ја сметаат eврејската кабала за дело со дискутабилна старост и уште посомнителна автентичност. Од тие причини не е паметен обидот да се зборува догматски во врска со нејзиното потекло, во услови на постоење на сомнеж во поглед на нејзината автентичност. Но, воздржувајќи се од овие конкретни прашања, кои со право се однесуваат само на академски полемики, потполно е во доменот на јавната расправа да се земе предвид главната идеја за којашто кабалата секогаш се залага, без оглед на спорните прашања во врска со авторитетот или автентичноста на која било посебна книга или книги.
КАКО ПЛАЧЕМЕ И СЕ СМЕЕМЕ ЗА ИСТОТО
Значајни и безвременски есеи во кои тој се осврнува на осаменоста, на моќта на имагинацијата, на задоволството од читањето, на важноста на сонот, како и зошто понекогаш и плачеме и се смееме за истите работи. Дознајте зошто имаат толку големо влијание врз француското образование, култура и дипломатија. Дури и поранешниот француски претседател Франсоа Митеран, на официјалниот портрет ја држи токму оваа книга.
КОШМАРНИ ПРИКАЗНИ
Оваа книга е составена од кратки приказни, кои Блаватскаја ги создала во нејзините посветли моменти и ја покажува како ведра писателка со прекрасна фантазија. Богата е со изненадувачки описи за чудното и за необичното, а само дел од фантастичните приказни во кои ќе уживате се: „Легендата на синиот лотос“, „Нерешена мистерија“, „Маѓепсан живот“.
ЛАМБАТА НА СЕЌАВАЊЕТО
Раскин е без сомнение еден од најбрилијантните умови од викторијанската ера и страстен критичар на уметноста. Ги изложува своите сфаќања архитектурата,уметноста, знаењето, литературата и учењето.
Тврди дека античките градби мора да се зачуваат заради нивните длабоки и мистични врски со минатото и заради тоа што пренесуваат една вечна човечка вистина. Книгата изобилува со фантастични идеи, поддржани со целосни аргументи кои ја провоцираат сечија мисла.
ЉУБОВТА НА ПОСЛЕДНИОТ МАГНАТ
Холивуд е опасен, но и неверојатно магичен. Никој не го претставил ова подобро од Фицџералд во „Љубовта на последниот магнат“. Холивудскиот продуцент Стар не само што се труди да најде љубов и успех во еден суров свет, туку се бори и да си го направи животот посреќен. Дали Кејтлин е вистинската за него? Дали нивната романса ќе успее? Додека ја читате, ќе бидете заслепени од сиот гламур и надеж на Холивуд, но и изненадени од лицемерието кое се крие зад нив.
МАГИЈА И МАЃЕПСНИШТВО
Верувањето во духовни влијанија е толку универзално, особено во нивните малигни влијанија, што нема ниту една човечка раса, нема временски период, нема регион на светот, што се ослободени од него. Големата имитација или карикатура на некоја голема вистина е голема грешка, која, како таква може во секое време да
влијае врз мислењето на човештвото. Без оглед колку се грозни и болни деталите на суеверието, сепак се засновани врз основа на факти или вистини…
МАСОНСКИ ЛЕГЕНДИ
Во една древна легенда зависта, љубомората и горделивоста, претставуваат три глави на пеколниот демон, но тој демон е дух-гениј кај испревртените луѓе, кои го претставуваат тројца предавници. Во суштина масонската филозофија е иста со филозофијата на древната Кабала. Леви е најблескавиот, најоригиналниот и највпечатливиот објаснувач на окултната филозофија на Западот. Дури и два века по неговата смрт сè уште не се појавил никој да ја постави вистината на неговата мантија.
МОЌТА НА ВИСТИНАТА
Искреноста е суштинска основа на секој силен карактер. Таа е компас на душата, чувар на совеста, пресудно мерило на исправноста. Вистината, пак, е најстарата од сите доблести. Кога еден човек ќе открие една голема вистина на природата, тој го има клучот за разбирање на милион појави; кога ќе зграби една голема вистина на моралот, тој во неа го има клучот за своето духовно пресоздавање.
НАПРАВЕТЕ ГО СВОЈОТ ЖИВОТ РЕМЕК-ДЕЛО
Во кариерата на секое човечко суштество се крие потенцијално ремек-дело или ужасна, искривена мачканица. Кое и да го создадете, ќе биде закачено во галеријата на цивилизацијата. Тоа ќе биде изложено пред светот како отелотворение, доказ за значењето на сечиј живот. Каков човек ќе стане од вас, како ќе ве гледа светот, дали луѓето ќе ви се воодушевуваат и ќе ве почитуваат или ќе ве презираат – сето ова лежи во ваши раце. Без разлика каде ќе ве одвее ветрот, ниту една сила на земјава не може да ве спречи да станете човек со извонреден карактер. Оваа книга ќе ве научи како од вашиот живот да направите вистинско ремек-дело.
ПОЗНАВАЊЕ НА ЧОВЕКОТ – ДЕТЕТО И ОПШТЕСТВОТО
Тајната цел на детското однесување е иста со однесувањето на човекот во подоцнежни години. Поради тоа нашето внимание мора да се сврти кон детството, бидејќи согледавме дека ако сакаме да направиме некоја промена, треба најпрво да го пронајдеме и откриеме неговиот шаблон. Дознајте за детската фантазија, чувството на помала вредност и стремежот за важност и надмоќ, соништата, соживувањето, сугестијата…
ПОЗНАВАЊЕ НА ЧОВЕКОТ ОДНОСОТ МЕЃУ ПОЛОВИТЕ
Човекот во исполнувањето на трите основни задачи на животот (љубов, професија и друштво), го покажува и стремежот да биде почитуван и надмоќен. Со тоа започнала поделбата на работата на посебни патеки, кои и денес прават човековата култура да биде одбележана со пресудната надмоќ на мажите која е пресудна врз влијанието на положбата на жената. Зошто по своја волја да одлучуваат за формите на живот и да го одредуваат начинот на животот на жените и какви се нивните предрасуди за ниската вредност на жената?
ПРАВОТО НА МАСОНСКИТЕ ЛОЖИ
Во оваа книга, на читателот му се претставува краток историски преглед на настанокот и развојот на устројството на Големите ложи, и начинот на кој таквите тела се првично организирани, кој ги сочинува нивните службеници и членови и кои се нивните признати права. Сѐ за законодавната, судската и извршната власт на Големата ложа.