МЕЛОДИЈА НА СМРТТА
„ Гилберт Стандертон седеше напрегнато напнувајќи се да го лоцира звукот. Тоа беше Мелодија во Еф, што ја свири невидлив музичар. Имаше нешто трагично, нешто малку застрашувачко…“
Фасцинантен роман за еден млад човек кој откако ќе слушне одредена мелодија, започнува да се однесува мистериозно. Но дали таа мелодија со длабок татнеж на гласови, меки и тажни, кои де се слушаат, де се губат, која сјае и исчезнува како непостојана нишка од злато фатена во едноличното завивање на евтиниот живот навистина ќе му го смени животот? Возбудлива, интересна, интригантна, која е мистеријата што ја крие Мелодијата во Еф.
ОВАА СТРАНА НА РАЈОТ
Оваа страна на рајот е увертира во блескавата и богата кариера на Фицџералд. Тој го прикажува животот на Ејмори Блејн низ неговите рани дваесетти години. Додека Ејмори се пробива меѓу дебитантите и принстонските студенти, тој е опкружен со ветување за сето она што беше ново во енергичната, немирна Америка. Ние ги доживуваме пловидбите на Ејмори, чувствувајќи ги поразите, длабоката љубов и тешките загуби. Неговиот раст до сексуална свесност и личност се одвива со континуирана импровизаторна енергија и радост. Откако ќе го прочитате овој роман, Фицџералд со сигурност ќе стане вашиот омилен писател.
ПРИКАЗНАТА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ
Приказната од милион долари е неговиот најпознат криминалистички роман. Главниот лик e новинарот Џон Сендс кој ја открива тајната за венчавката на осуденичката Маргарет и на еден милионер кој е пронајден мртов. Тој помага во истрагата, но во исто време таа му е инспирација за да напише приказна од милион долари, која ќе го спаси од сиромаштијата. Романтика и мистерија, со класични пресврти и неизвесност, романот го задржува вниманието до последната страница. Шармантно и интересно четиво, а читателите ќе уживаат во секоја страница и во среќниот крај.
ПРИКАЗНИ ОД ЕРАТА НА ЏЕЗОТ
Фицџералд, во оваа збирка раскази го прави она што го прави најдобро: дава прекрасна сатира од неговиот период која во исто време е и оптимистичка и брза и покрај цинизмот кој демне под неа. Книгата изобилува со хумор кој е претставен во форма на апсурдност, а има и мали иновации и неочекувани детали што ви го задржуваат вниманието. Ликовите се впечатливи и остануваат со вас дури и кога ја затворате книгата.
Во Приказни од ерата на џезот ќе ги прочитате познатите раскази на Фицџералд: Мојата последна девојка, Шеќерна бонбона, Фантазии, Трошки среќа, но и неговиот прочуен и филмуван расказ Необичниот случај на Бенџамин Батон. Приказни што ви го одземаат здивот. Уживајте!
СОБА 13
Оваа британска криминалистичка мистерија доаѓа од вештото перо на творецот на Кинг Конг. Изобилство од испреплетени чувства, злосторство, љубов, истражување, изненадување, возбуда и едно неверојатно откритие им ги менува животите на многу луѓе. Која е мистериозната соба 13 и зошто оваа книга важи за еден од најинтересните, најмистериозните и најромантичните романи на Едгар Волас? Одговорот е внатре!
ЌЕРКИТЕ НА НОЌТА
Романите на Едгар Волас секогаш воодушевуваат. Ќерките на ноќта е тешко да се објасни со неколку зборови. Херој, хероина, сомнителна, но убава жена која е вклучена во некаков заговор, тврдоглав и тежок негативец. Џим Бартоломеј е млад менаџер на филијала на банка. Што има тој заедничко со Маргот, со убавата Маркам и со Американецот? И зошто Ќерките на ноќта се спомнуваат во оваа приказна? Одличен трилер во типичниот стил на Едгар Волас, кој ќе успее да го задоволи секој обожавател на возбудливи романи.