Биографија

Слика на авторот

Јована МАТЕВСКА-АТАНАСОВА

Јована Матевска-Атанасова
(1991)
е дипломиран психолог, писател и рецензент. Двократен лауреат е на наградите за најдобар расказ на конкурсот во чест на Живко Чинго (2020 и 2021). Добила две награди за краток расказ на конкурсите на весникот Нова Македонија (2015 и 2016). Нејзините раскази влегуваат во повеќејазичните збирки „Бибер“ преведени на неколку јазици (2018, 2020 и 2021). Авторка е на романите „Тамбовските снегови“ (2015) и „Писмата во библиотеката“ (2016), поддржан и награден од програмата на Фондацијата Македоника и Унеско. Интерактивната книга за саморазвој „Јас во СуперлаТИв“ е нејзина трета книга, која е фузија помеѓу писателот и психологот во авторката.