Биографија

Слика на авторот

Елиза Ожешкова

Елиза Ожешкова (1841–1910) е врвна полска писателка од ерата на позитивизмот. Двапати била номинирана за Нобеловата награда за литература, во 1905 и во 1909 г. Напишала над 30 романи и повеќе од 120 драми и новели. Освен „Марта“, други нејзини познати дела се: „Меир Езофович“, „Bene nati“, „Марија“, „Gloria Victis“ и др.