Биографија
Анатол ФРАНС
(1844–1924)Анатол ФРАНС бил француски романсиер, академик, критичар и добитник на престижната Нобелова награда за литература во
1921 година. Надарен со напреден и слободоумен дух, во своите дела ја романсирал историјата на својот живот и на своите чувства, мешајќи ги стварноста и привидот. Неговите дела се одликуваат со изразена музикалност на јазикот, непосредност, јасен и убав стил. Германскиот филозоф Ниче го истакнува Франс како еден од неговите омилени автори, ставајќи го
во групата „деликатни психолози“. Тој бил гласот на свеста кај своите генерации. Негови најпознати дела се: Злосторството на Силвестер Бонар, Современа историја, Боговите се жедни, На белиот камен, Таида, Островот на пингвините итн.